Научниците ја разоткриле тајната на старата народна поговорка

Оној момент кога по одредена количина алкохол ќе ви се разврзе јазикот

 |  инфодеск  | 

Научниците од Универзитетот во Мисури ја докажале старата народна поговорка – “што трезен мисли, пијан зборува”.

Имено, резултатите од нивната студија потврдиле дека луѓето под дејство на алкохол се поискрени и дека поретко се повлекуваат од последиците на своите постапки.

Испрашувале 67 лица кои ги поделиле во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата пласебо безалкохолен пијалок, пишува Daily Mail.

Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографиите кои им ги покажале.

Забележено е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако ќе направеле грешка добро ќе размислеле следниот пат да не го направат тоа. Групата пак која конзумирала алкохол воопшто не се возбудувала поради направената грешка и продолжувала да одговара со еднаква брзина како и пред тоа. Биле свесни за грешката, но не се возбудувале многу поради тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top