Вакви лозинки ќе се користат во иднина?

Решение кое ветува

 |  инфодеск  | 

Само во текот на оваа година се забележани масовни хакерски напади во кои се украдени бројни лични податоци за бројни сервиси со кои се служат милиони луѓе. Еден австралиски тинејџер тврди дека пронашол совршено решение за проблемот со лозинките – наместо користење букви, бројки и знаци, како лозинки би се користеле фотографии.

Sam Crowther ова решение го претставил на PasswordsCon конференцијата во LasVegas и неговата апликација им овозможува на корисниците да одберат фотографија на мобилните телефони која ќе им служи како лозинка за пристап на веб сервисите, а таа фотографија се претвора во неверојатно долга лозинка, односно ќе има 512 карактери.

Crowther вели дека лесно можеме да ја запомниме фотографијата од телефонот која ќе се поврзе со одреден веб сервис и да се користи како лозинка – ако некој дојде до вашиот телефон и фотографија, тој неможе да знае која фотографија за кој сервис ја користите.

Ова е одличен начин за борба против malware и шпијунирање на корисниците, а доколку ја избришете фотографијата, лесно можете да одберете друга како лозинка. Овој тинејџер моментално се откажал од студирањето за да работи на развој на својата апликација наречена uSig, а неговото мото е: “Сликата вреди повеќе од илјада лозинки”.

Експертот за cyber безбедност, Per Thorsheim, кој е организатор на конференцијата, рекол дека идејата на Crowther ветува и дава свеж пристап на начинот за користење лозинки, но напоменал и дека идејата сеуште не е докажана и дека треба да се испита во пракса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top