Шокантно откритие на шведските научници

“Јас тоа ќе го избегнам, но мојата ќерка можеби нема”

 |  инфодеск  | 

Ако само мал дел на јаглерод, кој се наоѓа на дното на морето под Арктикот, се ослободи во атмосферата, тогаш на****мe,  напишал на својот твитер профил на 29 јули климатологот Jason Box од геолошката служба на Данска и Гренланд и на тој начин предупредил на сериозноста на откритието на научниците од универзитетот во Стокхолм.

Имено, минатата недела тие откриле огромни количини на метан кој се ослободува од морското дно. Иако ослободувањето на метан од окенаското дно не е непознаница, овој пат меурите стигнале до површината, што е нова појава. Првите анализи на морската вода покажале дека нивото на метан е од 10 до 50 пати поголемо од нормалното.

Голем дел од научната јавност е усмерен на проучување на јаглеродниот диоксид како главен виновник за пораст на температурите и глобалното затоплување. СО2 навистина најмногу придонесува за проблемот, меѓутоа метанот е гас кој е исто така на радарот на научниците. Иако неговото допринесување моментално е мал, постои стравување дека тоа може да се смени во годините кои доаѓаат. Токму доаѓањето на метанот од дното на морето во атмосферата би довел до забрзување на климатските промени.

Box со години го проучува Арктикот и климатските промени, и затоа неговото предупредување би требало да се земе сериозно. Говорејќи за климатските промени за порталот motherboard.vice.com заклучил дека : “Јас тоа ќе го избегнам, но мојата ќерка можеби нема. Таа има три години”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top