Најголема кражба на кориснички податоци во историјата

Хакерската CuberVor група украла 1,2 милијарди лозинки и кориснички имиња

 |  инфодеск  | 

Најголемата кражба на кориснички податоци ја направиле руски хакери и украле 1,2 милијарди кориснички имиња и лозинки, и повеќе од 500 милиони е-маил адреси со околу 420 илјади веб страници.

Овие информации ги открила сигурносната компанија Hold Security а конкретни информации за страниците на кои им се украдени податоци не се објавени (за да се заштитат тие компании и нивните корисници) а познато е само дека оваа хакерска група не е поврзана со владата на Русија.

“Без оглед дали сте компјутерски експерт или технофоб, се додека имате податоци некаде на web, постои можност тие податоци да се загрозени”, предупредиле од Hold Security и додаваат дека хакерите не морале да ги украдат податоците директно од самите корисници, туку можеле да дојдат до нив од други сервиси или страници, без знаење на самите корисници.

Исто така, на удар на руските криминалци не се нашле само страниците на големите компании (листата вклучува бројни лидери во сите индустрии), туку и бројни помали web страници и сервиси од каде се украдени податоци од корисниците.

Од Hold Security велат дека хакерската група која го извела овој напад нема име но тие ја нарекле CyberVor (вор на руски значи арамија), а тие на почетокот собрале дури 4,5 милијарди податоци, но бидејќи голем број од нив се повторувале (бројни корисници на различни сервиси и страници користат исти кориснички имиња и лозинки) па така вкупната бројка на украдени податоци изнесува околу 1,2 милијарди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top