Болест која убива скоро како сидата

Експертите од Светската здравствена организација ја нарекуваат тивок убиец

 |  инфодеск  | 

Експертите воочи Светскиот ден за борба против хепатитисот истакнале дека таа болест, која може да предизвика рак, може да се победи ако во лечењето се применат програми како оние со кои се лечи сидата.

Од  1,4 милиони починати од хепатитис, 90% биле заразени со хепатитис B и С, кои се одговорни за две третини на ракот на црниот дроб во светот. “Најдобар начин за превенција на рак на црниот дроб или цироза е спречување и лечење на вирусниот хепатитис”, изјавил професорот Samuel So, лекар и предавач на универзитетот Stanford во Калифорнија.

“Ако делувате на тој начин, ќе спасите многу животи и истовремено ќе заштедите големи трошоци во здравството”, рекол So на новинарите во Женева, каде е седиштето на Светската здравствена организација (WHO).

Со таа цел др. So и останатите експерти од WHO заговараат зајакнување на тестирањата на таа болест која ја нарекуваат тивок убиец. Познато е дека од 500.000 милиони лица кои го носат вирусот на хепатитис, голем број не знаат дека воопшто се заразени.

Др. Stefan Wiktor, лидер на програмата за борба против хепатитисот во WHO истакнал дека постојат нови терапии за таа болест со процент на лечење од 95%, што е терапевтска револуција.

“Тоа потполно ја менува динамиката во пристапот на проблемот”, рекол тој.

Др. So предупредил дека заболените од сида се посебно чувствителни на хепатитис. Се проценува дека околу 10 милиони лица во светот боледуваат истовремено од сида и од хепатитис. “Структурата која се применува при лечење на сидата е идеална и за лечење на хепатитисот, и време е овие две болести да се лечат заедно”, заклучил Др. So.

Светскиот ден на хепатитис се одбележува од 2011 година, на денот на раѓање на професорот Baruch S. Blumberg, нобеловец заслужен за откривање на вирусот хепатитис В. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top