Порталот BuzzFeed направил анализа во која ги наведува фактите кои би ве натерале да го деактивирате профилот на Facebook.
Норвешките научници идентификувале шест знаци за зависност од Facebook, вклучувајќи го размислувањето за мрежата, јавувањето на немир ако лицето не може да го провери и користи во толкави количини и тоа почнува да влијае на работата или студирањето.
Спрема студијата од 2012 година, гледањето на екс партнерот на Facebook го ограничува личното напредување и емоционалното опоравување.
Во 2011 година во една третина од предадените документи за развод во САД и Велика Британија, како причина се наведува Facebook.
Но, неговото влијание и понатаму расте. Спрема истражувањето на универзитетот од Шведска – што повеќе време поминувате на Facebook тоа е поверојатно дека ќе се чувствувате понезадоволни со своите животи.
Пасивното прегледување на newsfeed, докажано е, го зголемува чувството на осаменост и изолација.
Зошто тогаш и понатаму го користиме Facebook? Одговорот на ова прашање го нуди универзитетот од Чикаго – затоа што оваа социјална мрежа создава поголема зависност од цигарите. Просечен корисник на Facebook поминува 75 минути секојдневно а тоа се 450 часа годишно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град