Она што го говорите има своја тежина а тоа особено важи во бизнис опкружувањето. Затоа во изразувањето на работното место е потребно посебно внимание. “Постојат зборови и фрази кои можат да наштетат на репутацијата и успехот во работата”, вели Darlene Price директорката на компанијата Well Said Inc. за Business Insider.
Еве што не треба да говорите, ниту себеси ниту на другите, ако сакате да тргнете по патот на успехот во корпоративното опкружување.
“Немам избор” – Успешните луѓе секогаш гледаат некоја друга опција, без оглед на околностите.
“Требаше да…”, “Морав да…” – Наведените фрази сугерираат на грижа на совест, жалење или грешка. Успешните луѓе “не плачат за истуреното млеко”, ниту живеат во минатото.
“Не можам тоа да го направам”, “Тоа е невозможно” – Ова ретко ќе го чуете од успешните луѓе, бидејќи наведените изрази создаваат бариера во главата.
“Тоа не е моја работа”, “Не сум доволно платен за тоа”, “Тоа не е мој проблем” – Успешните луѓе помагаат на други и ненадејните барања се обидуваат да ги прилагодат на приоритетите. Константното одбивање на задачите и молбите за помош покажуваат дека имате лош став и не сте тимски играч, а сето тоа може да го ограничи патот до успехот.
“Секогаш работиме на тој начин”, “Тоа не е начин на кој работиме овде” – Накратко, овие фрази откриваат дека не сте отворени за нови работи, иновациите и промените ве оддаваат дека ви недостасува флексибилност.
“Тоа не е во ред” – Неправди се случуваат секојдневно и во приватниот и работниот живот. Наместо да се жалите, превземете нешто.
“Тој е глупав”, “Таа е мрзлива”, “Ја мразам оваа фирма” – Успешните луѓе ги избегнуваат зборовите кои претставуваат осуда, навреда и негативност. Говорењето на вакви фрази звучат незрело, а она што е најважно, можат да ве доведат и до отказ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град