Што е заедничко меѓу шефот на Facebook и двајцата најбогати луѓе во светот?

Имотот на Mark Zuckerberg сега вреди околу 31,5 милијарди долари

 |  инфодеск  | 

Facebook вчера ги објави финансиските резултати за второто тромесечие, кои покажале скок на добивката од импресивни 138% на 791 милиони долари и раст на приходите за 61% на 2,9 милијарди долари. Акциите на компанијата моментално на Nasdaq бележат цена над 75 долари, што е нивна рекордна вредност.

Како што пишува Business Insider, имотот на шефот на Facebook  сега вреди околу 31,5 милијарди долари, ако се земат во предвид 422.954,082 акции на компанијата кои тој ги поседува. Со самото тоа, 30 годишниот Zuckerberg влезе во реткото друштво на богаташи чиј имот моментално вреди повеќе отколку што има години живот. Поточно, само тројца се во тоа друштво.

Спрема Forbes, мексиканскиот милијардер Carlos Slim таа граница ја помина во 2011 година, кога вредел 74 милијарди долари на старост од 71 година. Минатата година се израмни па имаше 73 милијарди долари во 73 година (очигледно, границата  тешко се одржува како што одминуваат годините).

На врвот од скалата суверено владее најбогатиот човек на светот, Bill Gates кој во 58 година од својот живот моментално поседува нето имот во вредност од 80,1 милијарди долари.

Gates и Slim се најбогати луѓе на светот, спрема последните податоци на Forbes.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top