Регистрирани остатоците на авионот на AirAlgerie

Остатоците на паднатиот авион во тешко приоден терен

 |  инфодеск  | 

Француските сили стационирани во Мали ги регистрале остатоците на алжирскиот авион AH5017 на патот помеѓу градовите Гао и Кидал во пуста и тешко приодна област, објавено е на интернет страницата на аеродромот во Буркина Фасо.

Авионот со 110 патници и шест членови на екипажот летал од градот Уагадугу во Буркина Фасо кон Алжир, а се сруши денес по полетувањето од Буркина Фасо.

Официјален претставник на авиокомпанијата AirAlgeria претходно објави дека во авионот се наоѓале 51 Французин, 24 државјани на Буркина Фасо, осум државјани на Либан, пет канадски државјани и по еден државјанин на Мали, Белгија, Луксембург, Камерун, Нигерија, Египет, Украина и Швајцарија, како и шест или седум членови на екипажот од Шпанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top