Уште еднаш докажаа дека можат да рушат авиони

Сепаратистите срушија два борбени авиони на украинската војска

 |  инфодеск  | 

Два борбени авиони на украинската војска се срушени на истокот од Украина, јавуваат агенциите.

Првите тела на срушениот малезиски патнички авион на летот МН17 само што ја напуштија Украина, а воените операции на украинската влада против проруските сепаратисти продолжија со уште поголема жестина.

Агенцијата AFP јавува, повикувајќи се на воени извори на украинските власти, дека се срушени два борбени авиони на истокот од земјата. Не е познато сеуште како се срушени.

Од Киев е соопштено дека два борбени Сухои се оборени околу 13 часот по локално време над подрачјето околу брдото Saur-Mogila, важна стратешка позиција во регионот околу Доњецк, во близина на руската граница.

Портпаролот на украинското министерство за одбрана Алексеј Дмитрашовски рекол дека во тие авиони летаат по две лица. Станува збор за авиони од типот Su-25.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top