“Тој ден рано наутро беше никаков, а банкоматот ме одби…цело време очите ми беа на хартиената кеса на паркингот”, раскажува Иван. Кога ја зел кесата се тргнало во друг правец…
Тој ден се било некако наопаку, а враќајќи се од работа нашол вреќа полна со пари. Кога стигнал дома сфатил дека се работи за 150.000 евра. Така, Херцеговецот Иван од местото Груда, го опишал денот, на новинар од Slobodna Dalmacija. Овој чесен пронаоѓач решил да ги врати сите пари.
“Тој ден од рано наутро ми беше никаков, имав проблеми, работата не ми одеше, а џебот ми беше празен. По работа зедов автомобил од еден пријател и се упатив кон банкоматот во Груда. Кога банкоматот ме одби, се обидов да повикам некои пријатели да ми позајмат пари а цело време очите ми беа вперени во една хартиена кеса на паркингот. Прошетав до местото каде беше оставена кесата и ја клоцнав со нога а одвнатре се појавија дел од парите”, раскажува Иван и додава, “Збунето гледав околу себе, ја земав кесата и ја однесов дома. Почнав да ги бројам парите и избројав 150.000 евра, имаше некои сметки но и еден број од мобилен телефон. Одлучив да се јавам. Договорив состанок и ги вратив сите пари”, завршува Иван со приказната.
Дека добрината и благородноста се исплатат, докажува и приказната која следела. Имено, на Иван сопственикот му понудил, како што кажува, околу 20.000 евра како награда, но чесниот Иван тие пари ги одбил, но му рекол дека добро би му дошол автомобил, а како што стојат работите наскоро би можел да го добие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град