Додека светот се бори со невработеноста, во Велика Британија постои град кој може да послужи како пример за другите.
Станува збор за Uttoxeter, во Staffordshire, каде само 34 лица се на евиденцијата за невработени. Меѓутоа, со оглед на тоа дека за неколку дена се отвора нов супермаркет кој ќе вработи 180 лица, тоа значи дека веројатно и овие 34 ќе се вработат, пренесува DailyMail.
Спрема статистичките податоци, во Велика Британија дури 1 милион лица нашле работа во текот на минатата година. Меѓутоа, никој нема статистика како Uttoxeter, кој во Велика Британије е познат по трките на коњи.
Andrew Griffiths, пратеник во градското собрание, вели дека е изненаден со овој податок и го контактирал надлежното министерство за да го провери податокот.
“Морам да признам дека ова се феноменални податоци. Тоа само покажува дека долгорочниот економски план на нашата власт дава резултати. Невработеноста во нашиот град драстично се намалила во последните четири години и тоа е фантастичен податок”, рекол Griffiths.
Покрај ова, бројот на вработени ја зголемува и продуктивноста, а се спроведуваат мерки кои на учениците, веднаш по средното училиште, им помагаат да најдат соодветна работа. Она што е специфично за Uttoxeter е дека не чекаат некој да се појави на заводот за вработување, туку прават се за да не дојде до тоа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град