Американската актерка, Шерон Стоун, прв пат по 22 години проговори за култната сцена од филмот “Ниски страсти” кој од неа направи планетарна ѕвезда.
“Бев обична американска актерка кога стигнав на Канскиот фестивал, а од Кан заминав како светска ѕвезда”, признава денес холивудската убавица.
Во интервјуто кое оваа недела го дала за францускиот неделник “Tele Cable Sat”, педесетгодишната актерка тврди дека за време на снимањето не знаела дека сцената на испрашување во полициската станица ќе стане толку еротска.
“Пол Верховен (режисерот) ме прејде”, рекла Шерон. “Тој бараше д ги соблечам белите гаќички бидејќи наводно се познавале на снимката. Но ми вети дека нема ништо да се гледа. По неколку недели Пол ни го прикажа готовиот филм кој требаше да биде прикажан во Кан. Кога ја видов сцената се почувствував измамена. Станав и му удрив шлаканица”, раскажува американската икона.
“Бев шокирана од неговата измама. Да бев на неговото место режисер, секако дека ќе ја задржев таа сцена. Но требаше да ме предупреди. Тоа беше знак на непочитување”, кажува Шерон која денес не се кае што ја глумела сексипилната Кетрин Трамел.
“Тој филм ми ја промени кариерата. За мене Кетрин Трамел е некој, кој на некој начин, им помогна на жените да ја сфатат својата моќ”,заклучила таа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град