На полуостровот Jamal се појавила 79 метри широка дупка, а руските научници организирале итна експедиција која треба да пристигне во Сибир и да ја истражи мистериозната дупка која одеднаш се појавила во тој дел на земјата.
Како што пишува Daily Mail, на полуостровот Jamal се отворила 79 метри широка дупка, а причините за тоа сеуште не се знаат.
Веќе се појавиле теории на заговор спрема кои тврдат дека причината е НЛО. Сепак, повеќе веројатно е дека причина за отворање на дупката е глобалното затоплување поради кое гасот пробил на површината и предизвикал експлозија.
Некои научници сметаат дека причина би можела да биде и метеорит. Научниците планираат да земат примероци на сол, воздух и вода околу кратерот и да ги анализираат.
На ова подрачје пред 10.000 години се наоѓало море. Денес Jamal е подрачје каде Русија произведува гас со кој ја снабдува Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град