Бонбоњерата на Forrest Gump во швајцарски раце

Трендот на историски спојувања и превземања продолжува

 |  инфодеск  | 

По фармацевстката, тутунската и металската, трендот на историски спојувања и превземања продолжува и на кондиторската индустрија.

За најновата вест за спојување и превземање е заслужен швајцарскиот производител на чоколади Lindt&Sprungli, кој во понеделникот објавил дека ја превзема американската компанија Russel Stover Candies. Со таа трансакција Lindt станува трет најголем производител на чоколадо на американскиот пазар, а воедно тоа е најголема аквизиција во историјата на компанијата. Компанијата не објавила колку ќе чини оваа трансакција но објави дека превземањето ќе го финансира со кредити и готовина. Меѓутоа, шпекулациите на тамошните аналитичари на кондиторската индустрија велат дека Швајцарците ќе треба да исплатат приближно 1,4 милиони долари. Сепак, поприлично е извесно дека на Lindt оваа инвестиција брзо ќе им се исплати.

Russell Stover  е компанија во сопствеништво на фамилијата Ward, а на американскиот пазар е најпозната по бонбоњерите, посебно омилени помеѓу младите кои на секој Валентајн ги разграбуваат од дуќаните. Нивната бонбоњера се појави и во филмот Forrest Gump од 1994 година во кој главна улога играше Tom Hanks, каде главниот лик го спореди животот со бонбоњерата – “бидејќи никогаш не знаеш што ќе добиеш”.

Компанијата годишно продава производи во вредност од околу 600 милиони долари. Приближно, добивката пред оданочување, камати, и амортизација, се движи околу 60 милиони долари. Фамилијата Ward на почетокот од годината одлучиле да ја продадат компанијата ангажирајќи адвокати за барање на адекватен купец. За купувањето биле заинтересирани неколку фондови со ризичен капитал, но и стратешки купци од соодветната индустрија, како Hershey и Godiva.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top