Фирмата Chemoflor SA со седиште во Швајцарија, која е единствен легален корисник на лиценцата “Косили”, покренува постапка за поништување на марката на новиот производ на Косили.
Спрема тврдењата на Chemoflor SA, со употребата на името Косили, фирмата од Лесковац прави фалсификат на оригиналната марка на Косили, како визуелно така и фонетски.
Chemoflor SA од судските органи ќе бара привремена мерка за забрана на производството и продажба на сите производи со името Косили, што ќе доведе до повлекување и уништување на целата роба која се наоѓа на пазарот под тоа име.
Против Невена, кај надлежните судски органи, ќе биде покрената постапка поради користење на амбалажата која е со децении имиџ на брендот Косили, бидејќи, како што тврдат во Chemoflor SA, се работи за визуелна малверзација на потрошувачите.
Фирмата Chemoflor SA во наредните денови ќе ја извести јавноста за тоа кој ќе биде новиот корисник на подлиценцата за брендот Косили, што подразбира право за производство, продажба и дистрибуција на територијата на поранешна Југославија.
Невена од Лесковац на крајот од месец јуни почна со производство на нова бебешка колекција, а бидејќи ја изгуби лиценцата за Косили, затоа што немаше да плати 600.000 евра за нејзино користење, почна со производство на нов бренд “nevena” со иста амбалажа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град