Зелено светло за банкарска унија

Банкарска унија клучен фактор за кризата во финансискиот сектор

 |  инфодеск  | 

Банкарската унија е еден од клучните одговори за кризата во Европа во финансискиот сектор, изјавил неименуван извор од германската влада.

Спрема планот на ЕУ, би требало да постои еден супервизор кои ќе ги надгледува банките во еврозоната, потоа еден орган кои ќе ги одредува правилата за затворање или реконструкција на проблематичните банки, и едно тело во кое ќе се слеваат пари за да сето тоа се плати.

Германската влада усвои пакет на закони со кои се дава зелено светло за формирање на европската банкарска унија. Спрема усвоениот закон, кредиторите и сопствениците на проблематичните банки во Германија, веќе од 2015 година ќе се соочат со такви загуби, односно една година пред да почне да важи на ниво на ЕУ.

Европската централна банка (ECB) до крајот на оваа година би требало да почне со надзор на големите банки ширум еврозоната, и тоа ќе биде првиот чекор кон основање на банкарската унија. Следниот чекор ќе биде основање на заеднички тела, чија задача ќе биде да ги спречи проблематичните банки ги повлечат во пропаст и владите на земјите во ЕУ, како што беше примерот со Ирска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top