Сите оние кои некогаш изгубиле багаж за време на патувањето со авион знаат колку е фрустирачки кога мораат со денови да чекаат некој да им се јави со информација дека конечно ќе си ги добијат своите работи, а во многу случаеви торбите и куферите остануваат засекогаш изгубени.
Едно од решениајата на овој проблем е таканаречениот паметен багаж, односно торби кои ќе бидат опремени со GPS чип кои на сопствениците ќе можат да им испратат информација за локацијата на багажот, а дури можат и да комуницираат со авио-компанијата кога ќе се загубат. Airbus уште минатата година го претставил својот концепт на паметен багаж на Paris Air Show, каде нивната торба, таканаречената Bag2Go, може да се следи по пат на посебна апликација за смарт телефон, а освен можноста за лоцирање на својата локација, оваа торба прикажува и тежина за да сопствениците веднаш знаат дали претерале со тежината на торбата.
Американскиот мобилен оператор AT&T претставил сличен концепт на паметен багаж, но наместо торба која би имала вграден чип, тие имаат намера својот производ да го интегрираат во веќе постоечкиот багаж од патниците – нивниот чип би бил поврзан со IT системите на аеродромите и авио-компаниите и така би комуницирал со операторите и мобилните уреди за да се договори достава на домашна адреса или хотелска соба.
Како што напоменуваат на CNN, овие производи се сеуште во развој, но кога ќе бидат спремни за употреба, сепак ќе треба дозвола за користење од државните регулаторни тела, но сигурно е дека во иднина ќе има голема побарувачка по овој производ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град