Финскиот премиер Alexander Stubb изјавил дека основачот на Apple, Steve Jobs, многу наштетил на вработувањата во таа нордиска земја со иновациите со кои ги изненадиле финските компании.
“Се потпиравме на две работи и тоа на високата технологија со Nokia и индустријата за хартија” рекол Stubb за шведскиот економски весник Dagens Industri.
“Да, Steve Jobs ги превзеде нашите бизниси. Но тоа сега се менува. Нашата дрвна индустрија полека ама сигурно се врти од хартиена маса кон зелена енергија, а индустријата на висока технологија према игрите”, додава премиерот.
Steve Jobs беше основач на компанијата Apple и еден од највлијателните луѓе во светот на компјутерската индустрија. Почина во 2011 година во 56 година од животот.
Stubb е именуван за премиер кон крајот на јуни со задача да го обнови стопанството кое во 2012 и 2013 беше во рецесија, а во најдобар случај би требало во 2014 да има благ раст.
Еден од симболите на тие потешкотии беше падот на некогашниот џин во производството на мобилни телефони Nokia, која во април одделот за мобилна телефонија му го продаде на Microsoft.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град