Германија воведе најниска плата

Законот опфаќа 3,7 милиони луѓе

 |  инфодеск  | 

Со 535 гласа за, 61 воздржан и пет против, германскиот Бундестаг го усвои законот за најниска плата. Тој закон од 1 јануари 2015 ќе опфати околу 3,7 милиони Германци кои заработувале на границата на социјална помош.

Спрема новиот закон тие луѓе сега нема да може повеќе да заработуваат помалку од 8,5 евра бруто, околу 7,3 евра нето – што за полно работно време од 8 часа изнесува околу 1.200 евра.

Законот за најниска плата не се однесува на помлади од 18 години и за оние кои се подолго време невработени – за нив тоа ќе важи по половина година на работење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top