Американската вселенска агенција, NASA, го лансирала својот прв сателит кој има задача да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата, гас кој се смета за главен виновник за создавањето на ефектот на стаклена градина и доведува до глобално затоплување.
Орбиталната опсерваторија, чие полно име е Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO2), полетала во 02.56 часот по пацифичко време од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија со ракетата Delta2. По 56 минути лет, сателитот се одвоил од ракетата и го продолжил летот самостојно.
Како што пренесуваат агенциите, сателитот е дел од групата А-train, консталација од пет меѓународни сателити за набљудување на Земјата кои се вртат околу нашата планета секои 99 минути. Сателитот ќе биде поставен на 705 километри висина.
Задачата на OCO2, чија мисија ќе трае две години, е да пружи детална слика за емисијата на СО2, како оние за кои е одговорен човекот, така и природната емисија. Исто така ќе ги проучува и “фаќачите” на СО2, т.е. океаните и шумите кои го апсорбираат овој гас и ќе ги следи нивните промени.
ОСО2 секоја секунда ќе прави 24 мерења на СО2 во атмосферата, односно околи милион дневно.
СО2 во атмосферата игра важна улога во енергетската рамнотежа на нашата планета и е клучен фактор за разбирање на промените на климата, наведуваат научниците од NASA.
Во мај, месечните концентрации на СО2 во атмосферата преминале 400 честички на милион во северната хемисфера, што е најголемо ниво во последните 800.000 години.
Успешното лансирање на ОСО2 е бурно прославено во NASA, по два неуспешни обиди на праќање на “ловци” на СО2 во орбитата во 2009 и 2011 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град