И автомобилите од Германија со манипулирана километража

Манипулација со документите за возилата

 |  инфодеск  | 

Скоро една третина од сите половни возила продадени во Германија се поврзани со измама на бескрупулозните трговци кои ги манипулираат бројачите на прејдени километри и наплаќаат поголеми износи за помала километража. објавил германскиот авто-клуб ADAC.

Купците на автомобили се чести жртви на измама со километрите, што тешко се открива, посебно ако се манипулирани и документите од возилото, предупредува ADAC.

Спрема информациите на авто-клубот, посебно се погодни за манипулација автомобилите произведени по 2000 година, кога механичките бројачи се заменети со дигитални.

Апаратите за ресетирање на бројачите за прејдени километри, можат да се набават за помалку од 10.000 евра, а бројачот може да се измени за помалку од 30 секунди, тврди ADAC. Во меѓувреме вакви апарати можат да се набават и поефтино на пазарот од Кина.

Во Минхен е во тек судење на трговец со автомобили, обвинет дека ги менувал бројачите на десетина луксузни италијански автомобили. Спрема обвинението, трговецот ги купувал ефтино возилата, ги манипулирал бројачите и потоа ги продавал по високи цени. Познат е и случајот во 2011 година кога трговец ја спуштил километражата на еден автомобил од 700.000 на 150.000 прејдени километри.

Во Германија годишно се продаваат милиони половни возила, а законот пропишува дека трговецот мора да го прими назад возилото и да ги врати парите, доколку купецот докаже дека возилото е манипулирано.

ADAC им советува на купците да го прегледаат возилото детално пред купувањето, посебно ако се сомневаат дека километражата е вратена. Показатели за ваква состојба можат да бидат истрошените седишта или теписоните во автомобилот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top