Многу научници сметаат дека графенот е матреијал на иднината кој би можел да ги смени компјутерската, автомобилската, авионската и други индустрии.
Графенот е дводимензионален магичен материјал составен од атоми на јаглерод кој е потенок од хартија и поцврст од челик, лесен е, силен, флексибилен, растеглив и е одличен спроводник на електрична енергија.
Овој материјал за прв пат е изолиран во 2003 година а бројни големи компании како Apple, IBM и Lockheed Martin, свесни за неговиот потенцијал, веќе пријавиле патенти базирани на него, а само Кина до сега пријавила 2.200 такви патенти.
На Business Insider напоменуваат дека можностите за примена на графенот се неограничени а научниците експериментираат со овој материјал во развојот на антени, филтери, гуми, авионски крила, тениски рекети и бројни други предмети. Наведуваме пет можни примени на графенот кои покажуваат зошто ова е материјал на иднината.
Батреии – моментално најголем проблем со бројните мобилни уреди е прекраткото времетраење на батеријата па телефоните често мораат да се полнат, а некогаш и по два пати. Токму графенот би можел да го реши овој проблем па научниците веќе некое време експериментираат со овој материјал со кој батеријата ќе може да се наполни за неверојатни 20 секунди, при што батеријата би задржала 90% од својот капацитет и по илјада циклуси на полнење.
Замена на силициумот во чиповите – Во иднина овој материјал би можел да го замени силициумот во компјутерските чипови. Пред научниците има многу работа бидејќи моменталната методологија и експериментите се прескапи, но со оглед на неверојатните својства на графенот, невозможно е да се игнорира потенцијалот на електрониката базирана на него.
Паметни телефони – Освен во развојот на батерии и компјутерски чипови, графенот би бил основа и во производството на паметни телефони. Токму тој би овозможил развој на флексибилни, растегливи и неуништливи телефонски уреди.
Развој на соларни ќелии – Благодарение на способноста на проводливост на светлина, графенот би можел да го поттикне понатамошниот развој на соларните ќелии и би ја заменил платината, клучен, но повеќекратно поскап елемент кој денес е основа на соларните ќелии.
Примена на живо ткиво – Во изданието на часописот Nature од март 2012 година предвидено е дека графенот би можел да се користи како имплант, а професорот на универзитетот во Манчестер Aravind Vijaraghavan вели дека тој би можел дури и да комуницира со нашиот биолошки состав. Иако самоит графен не би комуницирал со биолошките станици (тој едноставно лежи под слоевите на синтетичките фотолипиди кои се заслужни за целиот процес), ова покажува за бројни можности на употреба на графенот и неговото влијание на нашиот биолошки состав.
Сепак, и покрај се поголемите вложувања во неговиот развој, ќе поминат уште години пред да стане еден од темелните материјали во бројните индустрии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град