Производствениот партнер на Apple, азиската компанија Foxconn, тргнува во масовно вработување на 100.000 луѓе за производство на новиот iPhone6, објавил Taiwanese Economic Daily, а исто така и другиот производител на iPhone, Pegatron, исто така припрема голем ангажман на нови работници.
Вакви масовни вработувања не се невообичаени пред почеток на производство на новите модели на iPhone, но во случајот на Foxconn бројката од сто илјади нови работници претставува рекорд.
Спрема изјавите, од Foxconn ќе превземат 70% од нарачките на iPhone, а масовните вработувања почнуваат од јули.
Како што пишуваа и порано медиумите, на пазарот во текот на оваа година ќе се најдат два модела на iPhone6, со екран од 4,7, односно 5,5 инчи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град