Пет заблуди за полнењето на батеријата на телефонот

Пет правила кои можете да ги занемарите и едно на кое мора да се придржувате

 |  инфодеск  | 

Кога е во прашање векот на траење на батеријата, постојат ситни правила кои одредуваат што можете со вашиот смарт телефон. Еве некои од нив кои можете слободно да ги занемарувате и едно кое секако треба да се придржувате.
Полначите на помалку познати производители ја уништуваат батеријата
Неточно! Иако по обичај не се оптимизирани за брендираните смарт телефони, нема да им наштетат. Треба да се чувате од ефтини копии, па настојувајте да купувате легално.
Не е добро да го користите мобилниот додека се полни
Ни ова не е точно. Можете да го користите колку сакате, освен ако не користите некој полнач набавен од сомнителни извори. Се додека користите оригинална батерија и полнач, единствена последица на користењето е тоа што донекаде ќе го успорите полнењето.
Полнењето преку цела ноќ ја убива батеријата
Па, не баш точно. Поголемиот дел на смарт телефони можат да препознаат кога е батеријата полна и да го стопира полнењето. Сепак, не е добро да се полни телефонот цела ноќ и секоја ноќ. Батеријата ќе потрае подолго ако мобилниот го држите помеѓу 40 и 80% капацитет.
Смарт телефоните не треба никогаш да се исклучуваат
Понекогаш и на нив им е потребна пауза. Ако не мора да бидете по секоја цена достапни, исклучете го мобилниот повремено – да речеме, пред одење на спиење. Се препорачува еднаш неделно, а ако не можете да го исклучувате тогаш ресетирајте го.
Немојте да го полните телефонот додека не се испразни батеријата
Погрешно! Подобро е да се надополнува секој ден, отколку да се оди од нула до полн капацитет. Литиумските батерии, какви што користат Samsung и Apple, подобро се држат кога се наполнети. Ако стално ги цедите до максимум, можат да станат нестабилни. Секоја батерија може да издржи одреден број на полнења пред да се замени со нова. Секогаш кога ќе ја испразните до крај се поблиску сте до замена со нова.
Топлината ја уништува батеријата.
Точно! Технологијата и високите температури обично не одат заедно. И батериите страдаат од топлина. Литиумските батерии се загреваат при работа, и повеќе при полнењето. И ладното време може да има негативен учинок на векот на траење на батеријата – ладна батерија побрзо ќе се испразни при ниски температури.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top