Лицата кои страдаат од арахнофобија имаат уште една причина да се плашат од пајаци бидејќи научниците откриле дека одредени видови на овие инсекти ловат и јадат риби поголеми од себе.
Научниците дошле до бројни докази ширум светот за постоење на полу-водени пајаци кои јадат риби. Одредени примероци можат да пливаат да нуркаат и да одат по површината на водата. Пајаците користат моќни неуротоксини и ензими за да ја усмртат и сварат рибата.
“Обично на пајакот му се потребни неколку часови да ја изеде рибата и да останат само коските”, рекол за Reuters зоологот Martin Nifeler од швајцарскиот Универзитет од Базел.
Овој феномен е распростанет во потоплите краишта, посебно на Флорида и Австралија, а пајаците риболовци ги има на сите континенти освен на Антарктик.
Рибите не се единствени на менито на пајаците. Некои видови ловат жаби, гуштери, змии, глувци и птици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град