Омилениот летен деликатес има имиџ на непријател за оние кои сакаат да останат витки, но можеби и не е баш така. Некои истражувања откриваат предности во уживањето во сладоледот, и иако делуваат малку претерано сепак нам ни се допаѓа идејата дека се работи за здрава храна.
Сладоледот е богат со калциум
На возрасен човек, дневно му се потребни 1000 мг. Калциум, додека трудниците и децата имаат поголема потреба за тој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите не само на калциум,туку и на витимините А и В.
Помага во одржување на телесната тежина
Поради процентот на шеќер и млечни масти овој деликатес, идеално изладен на минус шест степени, се смета за убиец на добрата виткост. Меѓутоа, некои студии тврдат дека калциумот ја намалува неговата калоријска вредност, која изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ. Можеби нема да ви помогне да ослабите, но нема и да го упропасти трудот околу слабеењето.
Богат е со витамини и антиоксиданти
Овошниот сладолед кој се припрема од замрзнато или свежо овошје содржи многу витамини а со тоа осигурува доза на антиоксиданти на полифенол, кој го штити срцето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град