Оnline сервисот за плаќање и трансакции, PayPal, од вчера е достапен и во Македонија.
Освен во Македонија, PayPal вчера соопшти дека е присутен и во 9 други држави: Монако, Белорусија, Молдавија, Парагвај, Камерун, Брегот на слоновата коска, Нигерија, Црна Гора, и Зимбабве.
Директорот на PayPal, Rupert Keeley, најави дека на почеток корисниците од Македонија и другите 9 држави ќе можaт само да плаќаат оnline преку овој сервис но нема да може да примаат пари преку него.
“Во прво време ќе се нуди само испраќање пари, односно плаќање за стоки купени на интернет, додека корисниците во новите пазари, нема да можат да примаат пари преку Paypal. Услугата за плаќање е бесплатна за корисниците и се покрива со надоместоци кои Paypal им ги наплаќа на трговците“, изјави Keeley.
Paypal има околу 150 милиони корисници ширум светот, а според очекувањата, со новите пазари кои ги вклучува во својот сервис, бројот на корисници ќе се зголеми за повеќе од 80 милиони.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град