Било потребно седум години стартап фирмата Mark-one да го развие својот голем производ – паметната супер чаша Vessyl, која ќе чини 200 долари.
Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за чаша со волумен од 0.38 литри која се напојува со батерија, а има овозможена блутут врска и смартфон синхронизација.
Оваа чаша работи на следниот принцип: ја полните со било каков пијалок и на дисплејот ќе добиете прецизно покажување што пиете. Редакцијата на порталот Верџ ја тестирале чашата со неколку десетици различни напитоци и Vessyl без исклучоци секој пат погодил за каков пијалок станува збор. Чашата успаевала да разликува дури и енергетски пијалоци со многу сличен вкус.
Креаторите на Vessyl објаснуваат дека целта на нивниот производ е да ги потсети луѓето што всушност пијат. Оваа паметна чаша истовремено мери шеќер, протеини, калории, масти и кофеин, а ја следи и хидратацијата. Може и да ја утврди разликата помеѓу слабо и јако кафе, или да ја пресмета вредноста на домашно направен сок.
Justeen Lee, соосновачот и извршен директор на Mark-one, вели дека е многу важно што внесуваме во себе, и затоа го развиле овој производ, кој всушност претставува сензор кој моментално може да ја анализира хранливата вредност на пијалокот и тоа на молекуларно ниво.
Vessyl ќе се појави на пазарот во слободна продажба идната година и тоа по цена од 200 долари, но оваа паметна чаша можете по пат на интернет да ја нарачате и сега и тоа по дупло пониска цена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град