Кинескиот феномен Xiaomi

Продале повеќе телефони од Apple

 |  инфодеск  | 

Кинеската компанија Xiaomi во првиот квартал во Кина продала повеќе телефони од Apple, а сега тргнуваат во освојување на меѓународниот пазар.

Кога се зборува за за компанија чиј извршен директор е права икона, чие претставување на производите ги следат милиони луѓе, мнозинството би помислило дека се работи за Apple. Но, една релативно непозната кинеска компанија има исто така фанатични фанови и продава милиони телефони и таблети , а на кинескиот пазар продала повеќе смартфони од Apple и за кратко време стана феномен на моибилниот пазар – Xiaomi.

Оваа компанија е основана во 2010 година а нејзината пазарна вредност веќе изнесува 10 милијарди долари и кон својот краток пат кон успехот користела сосема поинаква тактика од Samsung и  Apple.

Имено, Xiaomi за разлика од конкуренцијата не троши многу пари на маркетинг а нивните телефони не се продаваат во продавници туку само преку интернет, што им овозможува да продаваат многу поефтини телефони во однос на останатите мобилни компании – на пример телефонот на Xiaomi, кој е во класата на iPhone, во Кина чини околу 200 долари, додека цената на iPhone е поголема од 700 долари.

Нивната најголема реклама се самите корисници и нивните пофалби на интернет и на социјалните мрежи. Xiaomi минатата година продаде 18,7 милиони паметни телефони во Кина, што е помалку од Apple, кој во тек на 2013 година продаде 23 милиони на тој пазар. Но, оваа година ситуацијата се смени така што Apple во првиот квартал продал 9 милиони телефони, додека Xiaomi има бројка од  10,4 милиони телефони, со што го прескокна Apple на овој пазар.

Оваа компанија во иднина има уште поголеми планови така што нивниот харизматичен директор Le Jun (кинески Steve Jobs) во Xiaomi го доведе познатиот Hugo Barra од Google, кој ќе им помогне во иднина да завземат што повеќе од кинескиот пазар, а тргнуваат во голем поход и на меѓународниот пазар на кој во иднина би можеле да имаат голема улога.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top