Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider.
Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија.
Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил.
Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно.
Во Бразил е потребно повеќе од една година за да се добие градежна дозвола. За споредба, во Мексико просекот е 82 дена.
Третина од светското производство на кафе отпаѓа на Бразил.
Бразил е најголем извозник во светот на говедско месо.
Бразил има повеќе од 4000 аеродроми. Во светот единствено повеќе имаат САД.
Помеѓу 1,5 и 2,5 милиони жители на Бразил имаат јапонски корени.
Најдобрата плажа во светот, спрема изборот на Trip Advisor, се наоѓа во Бразил и се вика Baia do Sancho.
Со популација од околу 201 милион жители, Бразил е петта најбројна земја во светот со жители.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град