Холандската компанија за истражување и развој “The Archimedes” ја претстави новата револуционерна генерација на електрани на ветар за домашна употреба која ќе прави многу повеќе струја од досегашните ветротурбини.
Liam F1 е урбаната ветроелектрана со сврдлест облик е многу тивка при работа а токму бучавата која ја правеле пропелерите на досегашните ветроелектрани беше причина што овој извор на енергија не беше прифатлив за домаќиннствата. Liam F1 прави во просек 1.500 kW/h енергија при брзина на ветрот од 5 метри во секунда, што одговара отприлика на половна од потребите на просечното домаќинство.
Во комбинација со соларен покрив, домаќинствата би можеле да ги покријат комплетните енергетски потреби.
Интересот е голем, што компанијата почнала да развива и мали турбини за бродови и за осветлување на степеништа во згради.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град