CNN признал своја грешка

Американската кабловска мрежа објавила лажна вест

 |  инфодеск  | 

Американската кабловска мрежа CNN објавила на својата интернет страница лажна вест за огромен астероид кој се заканувал да ја уништи Земјата.

На страницата iReport, каде се објавуваат вести и статии кои ги праќаат читателите, осамнала вест дека на 35 март 2041 година, астероид би можел да удри на нашата планета.

Во текстот е наведено дека астрономите од лабораторијата на  NASA “Jet Propulsion”, во мисијата NEOWISE, со телескоп приметиле астероид со ширина околу 16 километри оддалечен 82 милиони километри од Земјата. Потоа пишува дека тој објект при блиската средба со Марс ќе ја промени насоката и своето патување ќе го насочи кон Земјата.

Веста е тргната, но таа веќе била споделена на социјалните мрежи.

“NASA потврдила со меил дека оваа приказна е лажна. Портпаролката на лабораторијата “Jet Propulsion” рекла дека најголемиот објект кој е забележан во мисијата NEOWISE, има само 3 километри во радиус и не претставува опасност по Земјата. Написот на iReport е тргнат, соопштено било од CNN.

Интересно во сево ова е како не забележале веднаш дека веста е лажна, со оглед  дека авторот како датум, на блиската средба помеѓу астероидот и Земјата, го навел 35 март.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top