Понеделник е најпопуларен ден за почеток на диета, а токму крајот на мај е времето кога многумина размислуваат за воведување на промени во исхраната за да се прикажат во што подобро издание на плажа, покажало истражувањето на британскиот портал BodyProject.com на повеќе од 1000 луѓе.
Спрема него, 69% од луѓето кои стартуваат со диета во понеделник, во последните два дена јаделе повеќе затоа што имаат намера до почетокот на летото да се ограничат во јадење на калорична храна, пишува Daily Mail.
Иако на почетокот на диетата луѓето се ентузијастични и усмерени на резултатите, мотивацијата паѓа многу брзо така што 86% од нив прекинува со диета само по седум дена, известуваат истражувачите.
Околу 38% жени признаваат дека секоја година околу 12 пати тргнуваат со диета, а најпопуларни режими на слабеење биле Палеолитска и Аткинсоновата диета. Најголемо искушение, на оние што сакаат да слабеат, почнува во 20 часот, бидејќи тогаш човечкиот организам има потреба за чоколадо или друга калорична храна, особено по целодневното ограничување.
Мнозинството луѓе на диета очекува брзи резултати, а ако не дојдат за неколку дена ја губат желбата и се откажуваат, објаснуваат истражувачите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град