Ирска се враќа на пазарите

Ирска повторно интересна за инвеститорите

 |  инфодеск  | 

Американската бонитетна агенција Moody’s ја подигнала оценката на кредитниот рејтинг на Ирска за два степени, на “Baa1”.

Агенцијата ја поздравила перспективата на земјата по излезот од програмата за меѓународна помош во декември минатата година.

Во склад со оваа одлука, Moody’s во соопштението го истакнува забрзаниот раст на ирското стопанство во текот на последните месеци, пренесува АР.

Во декември Ирска беше прва земја во еврозоната која излезе од програмата за меѓународна помош на која во 2010 година и ја доделија ЕУ и ММФ, кога банкарската криза и кризата со недвижнини ја доведоа до граница на пропаст.

Во март оваа година, прв пат од почеток на 2010, Ирска повторно може да се врати на пазарот и да побара заем на подолг рок, што укажува на враќање на инвеститорите.

Агенцијата Moody’s, помеѓу другото, оценува дека ирското стопанство на среден рок ќе расте многу побрзо од просекот во еврозоната. Бруто домашниот производ на Ирска во минатата година благо опаднал (0,3%) , но спрема оценката на Европската комисија, во 2014 година би требало да порасне за 1,8, а во 2015 година за 2,9 %.

Земјата смета и на подобрување со вработеноста. Стапката на невработеност продолжува со паѓање и во февруари изнесувала 11,9%, што е најниско ниво почнувајќи од април 2009 година.

Moody’s сепак предупредува на високото ниво на јавниот долг кој во 2013 година преминал 120% од бруто домашниот производ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top