Плаќање со фотографија

Бесплатен ручек ако се објави фотографија на социјалните мрежи

 |  инфодеск  | 

Некои кувари се спремни да ги исфрлат муштериите ако ја фотографираат храната која ја спремиле, но во Британија постои ланец ресторани “Picture House” кои наградуваат со бесплатен оброк доколку, фотографија од храната од нивниот ресторан, се појави на Инстаграм или Твитер.

Сето ова е дел од маркетиншката кампања под името “Birds Eye”. Потребно е да се постави “хаштаг” #PictureHouseLeeds и да се објави на некои од наведените профили. Со тоа се обезбедува бесплатен оброк.

Во рестораните постојат и професионални фотографи задолжени за објави на Инстаграм, кои даваат совети како да се фотографира храната.

Американците не се со ваква среќа, сеуште немаат вакви погодности во своите ресторани, но сепак постои едно место кое го следи овој тренд а тоа е ресторанот Comodo на Менхетн.

Засега овој маркетиншки план е интересен и доходовен. Но, со зголемување на бројот на луѓе кои го злоупотребуваат хаштагот, ќе мора да се редуцира и бројот на бесплатни оброци и условите да се направат да бидат построги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top