Иако за многумина Самсунг е познат по бројни обвиненија и судски процеси кои ги води со Ејпл, сепак оваа компанија е многу поголема од она што можеме да замислиме.
Приходите на оваа компанија во 2013 година биле поголеми од оние што ги отствариле Амазон, Гугл и Микрософт, заедно – 216 милијарди наспроти 212 милијарди долари.
Овој приход е исто така поголем и од оној кој го отстварил Ејпл – 171 милијарда долари.
Во Самсунг работат 270.000 лица, што е повеќе од Ејпл, Микрософт и Амазон, заедно.
Самсунг поседува голем број на дивизии кои вклучуваат животно осигурување, надзор, аеронаутика, технологија за оружје, маркетинг, бродоградба, инжинеринг, изградба и инвестиции.
Оваа компанија е светски лидер во мобилни патенти со скоро 16000 патенти кои се регистрирани од 1996 година – од вкупно 49.724 патенти. Тоа ја става компанијата на второ место, веднаш зад ИБМ кои има вкупно 76.402 патенти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град