Нов начин на плаќање сметки

Решение за плаќање без паричник и картичка

 |  инфодеск  | 

Техниката на плаќање со кредитна картичка или со смарт телефон се покажа како многу практично и популарно решение.

Меѓутоа тие решенија наскоро би можеле да добијат сериозен ривал. Шведска стартап компанија претставила нова технологија на плаќање, која од муштериите бара само чиста дланка.

На овој начин, студентите на универзитетот Лунд во Шведска, секој ден купуваат кафе и ужина во едно кафуле. Кратко преоѓање со дланката преку инфрацрвен скенер и плаќањето е извршено.

Системот кој го добил името Quixter го смислил студентот Fredrik Leifland од универзитетот во Шведска.

“Идејата ја добив додека чекав во ред во продавница. Сфатив дека плаќањето е најдолгиот дел од купувањето во продавница и помислив дека мора да постои брз начин на плаќање. Тоа беше почетокот на Quixter”, вели студентот.

Првата трансакција е направена кон крајот на минатата година. До денес, 15 објекти и 1800 купувачи го користат овој систем. Инфрацрвениот скенер го произведува јапонската компанија Fujitsu, кој уредот го опишува како биометриски скенер на вената од дланката. Целиот процес на скенирање трае 5 секунди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top