Алармантно топење на Западен Антарктик

Морето ќе се подигне за 1,2 метри

 |  инфодеск  | 

Новата студија на научниците на NASA од универзитетот во Калифорнија, открива дека дел од ледената покривка на Западен Антарктик алармантно брзо се топи и дека топењето ја преминало границата, без враќање.

Веќе ништо не може да го запре топењето на Антарктик и да го подигне нивото на светските мориња за 1,2 метри.

Станува збор за дел на Антарктик на подрачјето на Амундсеново море, истакнува глациологот и главниот автор на студијата, Eric Ringot, од споменатиот универзитет и Jet Propulsion Laboratory на NASA. Студијата на Rigot и неговите колеги ќе биде објавена во научниот часопис Geophysical Research Letters, пренесува NASA.

Тие ледени плочи веќе придонесуваат за подигање на нивото на морињата, ослободувајќи толку мраз во морињата годишно, колку што ослободува Гренланд. Тие сами имаат доволно мраз за да го подигнат нивото на глобалните мориња за 1,2 метри и се топат многу побрзо отколку што мислеле досега научниците.

Кога би се стопила цела ледена покривка на Западен Антарктик, би можеле да очекуваме пораст на морињата, на глобално ниво, за околу 4 метри. Многу градови во светот би биле соочени со катастрофа, на пример, дури 73% од Мајами би бил под вода, додека 20% од Њујорк и Лос Анѓелес би ја доживеале истата судбина.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top