Фејсбук повлече две апликации

Апликации кои не оставија трага

 |  инфодеск  | 

Фејсбук од App Store во петокот повлече две апликации кои не оставија длабока трага, а корисниците практично ги одвлекуваа од Фејсбук, а тоа се боцкањето (poke) и камерата.

Оригиналниот Facebook poke или опцијата со која можевте некого виртуелно да боцнете беше дел од фејсбук од неговото појавување во 2004 година, но иако повеќе не се наоѓа на вашата временска лента, сеуште можете да ја пронајдете на страницата facebook.com/pokes.

Таму Фејсбук и понатаму ви ја нуди таа опција, но за разлика од претходно, вашето боцкање ќе биде видливо само за вас и тој што ви го испраќа.

Покрај poke, Фејсбук ја повлече и апликацијата facebook camera, која технички беше клон на Инстаграм. Оваа апликација беше претставена во 2012 година, кратко по најавата дека планираат да го купат Инстаграм и низ неа можеше да се стават филтери на фотографии пред објавување на Фејсбук.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top