Детергентот Ариел повлечен од продажба

Повлечено е промотивното пакување на Ариел

 |  инфодеск  | 

Американската компанија Procter&Gamble денес гo повлекла од продажба во Германија, детергентот за перење Ариел во промотивното пакување, на кое, како што се наведува, случајно се нашло неонацистичко одбележје.

Спрема соопштението на компанијата, стопирана е продажбата на детергентот на кој е сликата со бел фудбалски дрес и бројот 88 (напишан со црна боја), поради бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи, пренесува агенцијата Франс прес.

Имено, бројот 88 има посебна симболика за нацистите. Бројот 8 екстремната десница го поврзува со осмата по ред буква во абецедата, буквата Н, а дуплираните осумки го означуваат нацистичкиот поздрав „Hajl Hitler”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top