Султанот на удар на јавноста

Шеријатот за султанот не важи

 |  инфодеск  | 

Султанот од Брунеи, во југоисточна Азија, неодамна дошол на удар на светската јавност поради воведувањето на шеријатскиот закон спрема кој хомосексуалците се каменуваат а на арамиите им се сече рака. Воведување на смртна казна е следниот неизбежен чекор, пишува Business Insider.

Таа кралска фамилија е најбогата на светот, а богатството на султанот се проценува на 20 милијарди долари.

За каков раскошен живот се работи, говори податокот дека султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила! Неговата палата е втора најголема во светот,  зад кинескиот забранет град. Султанот има 110 гаражирани автомобили, климатизирана штала со 200 пони коњчиња и пет базени.

Неверојатното расипништво на членовите на брунејската фамилија го потврдува и принцот Џефри Болкиах, брат на султанот Хасанал Болкиах, кој поседува 2300 автомобили и брод на кој му дал име Цицка и уште два брода кој ги именувал Брадавица1 и Брадавица2.

Откако на снага стапил шеријатскиот закон на 1 јуни, екс љубовницата на султанот проговорила детално за Daily Beast.

“Султанот и принцот се единствени кои можат да се однесуваат недолично. На сите останати, муслимани и не-муслимани, такви работи им се строго забранети, а сега и под закана со брутални казни поради шеријатскиот закон.

Приказните за разузданиот живот на кралската фамилија ги објавил и Роберт Рангел, екс заменик шериф во Лос Анѓелес кој поминал неколку години како шеф на осигурувањето на султанот и неговиот брат во ЛА. Спрема неговата книга, султанот и неговата фамилија на патувањата имале во придружба 150 слуги и помошници, а плаќале во Дизни да доаѓаат во Брунеи и да прават претстави за детските родендени. Алкохолот, кој е забранет, и љубовниците се секојдневна појава на султанскиот двор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top