Секој од нас е должен 48 милиони евра

Секој жител на планетата е должен милиони

 |  инфодеск  | 

Huffington Post направил своја проценка и дошле до неверојатна сума од 48 милиони евра, која ја должи секој жител на планетата, на музичката и филмска индустрија, а причината е нелегално превземање на песни и филмови.

Претпоставиле дека лице помеѓу 7 и 84 години во текот на својот живот нелегално превзема 2900 песни. Тоа пак значи дека целокупното население од планетава нелегално превзело 20.300.000.000.000 песни.

Понатаму, за секоја од нив, доколку судот пресуди дека е користена нелегално, треба да плати 16.137 евра отштета. Со едноставно множење се добива сума од вртоглави размери или 327.581.100.000.000.000 евра.

Ако се земе во предвид дека вкупниот бруто домашен производ во светот изнесува 50.921.626.000.000 евра, тогаш секој жител на светот поради илегално превземање на песни должи 4.613.786 евра. Но тука се и филмовите, и со иста метода се добива износ од неверојатни 48 милиони евра.

Вкупната наведена штета во глобала ја преминува вредноста на годишната глобална индустрија за 6,5 милиони пати.

Но, Huffington Post не се позанимавал со проблемот ако навистина дискографските куќи или големите филмски индустрии го наплатат тој износ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top