Трговска војна помеѓу Британија и Кина

Ограничувања за нелиценцирани производи

 |  инфодеск  | 

Велика Британија и Кина отпочнале трговска војна, а муницијата која ја користат е забрана за увоз на растителни производи од една страна и разни видови на сирење од друга.

Првиот ден од тековниов месец, Кина изненадно ја спуштила рампата за сите видови на сирење од Британија, а се претпоставува дека тоа е експресен одговор на британската одлука да ги усвои прописите на ЕУ со кои се ограничува продажбата на нелиценцирани производи, од кои многу се користат во кинеската традиционална медицина.

Како што наведуваат британските медиуми, Кина официјалната забрана ја донела на основа на посетата, на официјални лица, на едно неименувано претпријатие за производство на млечни производи, кое не ги задоволило нивните стандарди.

„Инспекциите се спроведени за да се утврди дека производителите во Британија ги задоволуваат кинеските стандарди за безбедност на храната. Причините за забрана се: одржувањето, пречистувањето на воздухот, транспортот на суровото млеко, одржувањето на температурата и хемиското складирање“, пренесуваат британските официјални лица.

Меѓутоа, како што тврдат Британците, инспекцијата е спроведена изненадно, без официјална најава и тоа во компанија која не извезува млечни производи во Кина. Министерот за земјоделство на Британија, Џорџ Јустис, повикал за итно подигнување на забраната. „Британските сирења се најдобри во светот и се произведуваат во склад со најголемите стандарди за безбедност и квалитет. Разочарувачка е одлуката за забрана од страна на Кина. Инспекторите сега ќе ги посетат сите фабрики за млечни производи за да докажат дека работат со најголеми стандарди за безбедност и квалитет и дека се почитуваат“, рекол тој.

Забраната важи за сите видови сирење по 1 мај, кога Кина усвоила нов правилник за безбеност на храната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top