Тешки обвиненија за силувањa и мачења на млади регрути во морнарицата, ја тресат Австралија. Физички малтретирања и сексуална злоупотреба на 220 млади луѓе се случиле во 80-тите години од минатиот век во базата HMAS Leeuwin во западна Австралија, јавува AFP.
Досегашните резултати на истрагата за злосторствата, наскоро ќе бидат презентирани во тамошниот парламент. Истрагата ја води посебна работна група на чело со судијата Лен Робертс Смит.
„Многу луѓе не сакаат да излезат во јавност со своите приказни, но она што го чув е стравично“. Рекол судијата Робертс, објаснувајќи дека во морнарицата очигледно постоела неслужбено поставена хиерархија, која овозможувала злоупотреба на регрутите на возраст од 15-16 години.
Истрагата е проширена и на седум нови случаеви, но постојат индиции дека злоупотребите и малтретирањата постоеле и порано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град