До сега се спроведени бројни истражувања за влијанието на Фејсбук на корисниците и за тоа што зборува содржината на профилот за корисникот. Некои од истражувањата покажале кои статуси, што се објавуваат на оваа мрежа, можат да одредат кој е психопат, колку ќе трае љубовната врска, а откриено е и дека одредени статуси и фотографии влијаат на расположението на другите корисници на мрежата.
Едно од последните истражувања поврзани со Фејсбук, покажало една работа која може да биде интересна за работодавачите – содржината која корисниците ја објавуваат, може да покаже и колку тие лица ќе бидат успешни на работа. Ова истражување го спровеле на група од 146 испитаници, Ричард Ландерс и Кетлин Кавано, во Олд Доминион универзитетот од Вирџинија. Тие заклучиле дека постои поврзаност помеѓу личноста (која може да се дознае од фејсбук) и успешноста на работа.
“Следејќи некој профил на Фејсбук можеме да дознаеме како тоа лице ќе се однесува на работа“, пренесуваат резултатите од ова истражување, напоменувајќи дека најважни карактеристики, кои се откриваат на Фејсбук за да се поврзат со однесувањето на работа, се совесноста и екстровертираноста, односно отвореноста спрема други луѓе.
Ландерс објаснува дека совесните личности никогаш не доцнат, своите обврски ги извршуваат педантно и на време и се организирани. Отвореноста пак, покажува како личностите се однесуваат и чувствуваат во општеството, во друштво на поголема група на луѓе – оваа карактеристика е изнимно важна за луѓе кои се занимаваат со продажба и се во чести контакти со други луѓе, но и не е толку важна за некои други професии, како програмери.
Работодавачите и онака ги листаат профилите на своите потенцијални вработени, така да овие резултати од истражувањето ќе бидат уште една причина за пребарување и анализирање на профилите на Фејсбук.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град