Уште една мистерија за летот MH370

Што друго се наоѓало во пратката со батерии?

 |  инфодеск  | 

Новите информации за багажот кој го превезувал Боингот 777 кој исчезна на 8 март, доведоа до нови прашања поврзани со превозот на литиумските батерии. Тие се наоѓале во поголема заедничка пратка која била тешка 2453 килограми, стои во соопштението на Malaysia Airlines.

Star online цитирал неименуван извор од компанијата NNR Global Logistic кој вели дека батериите имале тежина од нешто помалку од 200 килограми. Се поставува прашањето што имало друго во таа заедничка пратка а била тешка 2.253 килограми.

Неименуваниот извор не можел да открие што имало заедно со батериите поради директивата на правните застапници да не се зборува за тоа додека трае истрагата. Не е откриено ниту името на компанијата која ги произвела батериите.

Зедничка пратка е комбинација од неколку пратки за да се наполни контејнер, а пратките подоцна би се распоредиле на одредиштата.

Извршниот директор на Malaysia Airlines, Ахмад Јаухари рекол уште на 24 март дека во авионот се наоѓала пратка од батерии но и дека тие биле сигурно спакувани. Литиумските батерии кои се вградуваат во мобилните телефони се лесно запаливи и во некои извештаи од последните неколку години се одговорни за низа од пожари кои се случиле во авионите.

Информацијата за багажот не била наведена во последното официјално соопштение кое беше објавено во четвртокот. Во него стои само дека NNR Global испорачува 133 парчиња вкупна маса од 2453 килограми. Во извештајот не е прецизирано колкав е бројот на батерии кои биле во пратката.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top