Малезија скоро два месеци по исчезнувањето на Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот, конечно објавила преелиминарно соопштение за фактите кои се познати за тамошните истражни органи. Соопштението е напишано на 5 страници, и со него во јавноста се и мапите на кои е прикажано што и во кој момент се случувало на 8 март, пред, и по исчезнувањето на авионот.
Она што е фрапантно од соопштението е фактот дека поминале дури 4 часа од исчезнувањето од радарите а потрагата не била започната. Исто така и фактот дека 17 минути биле поминати додека сфатиле дека авионот го нема на радарските слики.
Во меѓувреме, компанијата Malaysia Airlines во четвртокот објави дека ги укинува таканаречените центри за поддршка за фамилиите на исчезнатите патници. Роднините од првиот ден се собираа во тие центри, односно конференциски сали во хотелите во Пекинг и Куала Лумпур, како би ги чуле новите вести за истрагата.
На фамилиите им било кажано дека е најдобро сите да одат дома со оглед дека брифинзи ќе нема повеќе и дека потрагата е влезена во нова фаза.
Ваквата порака во хотелот Lido во Пекинг е дочекана во наелектризирана атмосфера. Во салата се собрале неколку стотини членови на фамилиите и имало и голем број на полицајци. Кога била прочитана пораката се слушале застрашувачки викотници и плач.
Министерството за транспорт на Малезија ја повика агенцијата при ОН за надзор на воздухопловството, да воведе нови стандарди за следење на комерцијалните авиони во реално време, пренесуваат медиумите.
Исчезнувањето на MH370 , како и AF447 на Air France во 2009 година, докажуваат дека такви стандарди би помогнале во иднина да се влезе во трага навреме на исчезнат авион, му напишало малезиското министерство на меѓународната Организација за цивилно воздухопловство (ICAO), пренесува Reuters.
“Два пати во 5 години големи комерцијални авиони исчезнаа, а нивната последна позиција не беше прецизно утврдена. Таа неизвесност резултирала со големи потешкотии при лоцирањето на авионот навреме”, стои во барањето кое е пратено до ICAO на 9 април, а објавено во четвртокот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град