Физичарите од фондацијата FOM и Универзитетот во Амстердам откриле дека старите Египќани при изградбата на пирамидите користеле мудар трик за полесен транспорт на камените блокови. Тие го воденеле песокот, по кој санките со камења се влечеле, а соодветната количина на вода овозможувала да го преполоват бројот на работници неопходен за тоа.
Во списанието Physical review letters научниците наведуваат дека експериментите покажале дека со зголемување на крутоста на песокот, потребната влечна сила сразмерно се намалува.
Кога ќе се додаде вода на песокот, настануваат таканаречени капиларни мостови, т.е. ситни капки на вода кои меѓусебно ги поврзуваат зрната песок. При соодветна количина на вода, влажниот пустински песок станува отприлика дупло покрут од сувиот песок, а санките многу полесно лизгаат по цврстиот пустински песок затоа што тој не се натрупува пред санката како кога е сув.
Египќаните тоа очигледно го знаеле. На насликаниот ѕид на гробницата од египетскиот владар Djehutihotep, јасно е воочлива личност која ја влече санката и истура вода непосредно пред неа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град