Необични причинители за алергија

Поленот е само еден од многуте причинители за алергија

 |  инфодеск  | 

Познато е дека поради поленот, многу луѓе, со почетокот на пролетта, немаат мир од кивање, црвенило, алергии. Меѓутоа постојат многу повеќе причинители на алергијата, а за некои од нив никогаш не би претпоставиле дека би можеле да ви наштетат.

Овошје

Освен поленот, тревата, дрвата и коровот, алергија може да се појави и од овошјето. Кога нивото на полен во воздухот е големо, алергените од коровот или дрвата можат накрсно да реагираат со овошјето. Телото поради тоа може да го замени протеинот од овошјето со полен што е причина за алергиска реакција. Затоа се јавува чувство на пецкање и стегање во грлото. Најмногу реакции можат да предизвикаат јаболкото, смоквата, бананата и јагодите.

Алкохол

Луѓето кои патат од алергија, астма и хроничен бронхитис почесто имаат проблеми со кивање и зголемен секрет од носот по пиење на алкохол, потврдиле шведски научници. Алкохолот ги шири крвните садови и може да предизвика реакција на имунолошкиот систем кој потоа завршува со течење на носот и кивање. Виното предизвикува поснажни реакции од другите алкохолни пијалоци.

Стрес

Тој не предизвикува алергија но може да ги влоши симптомите. И мало ниво на стрес го зголемува нивото на протеини кои се поврзани со алергијата, а зголемено ниво на хормони на кортизол го ослабува имунитетот поради кој телото потешко се бори со алергијата.

Препарати за обликување на косата

Освен овошјето и алкохолот, и препаратите за обликување на косата можат да бидат опасни за предизвикување на алергија. Алергените можат да се залепат за гелот или восокот за коса, а тоа може да ги засили симптомите на поленска грозница. Ако не можете да ги избегнете, тогаш мијте ја косата секојдневно.

Ветар

Ветрот ги подига честичките на полен што предизвикува почести напади кај астматичарите. Поленот се распрскува во уште помали честички што додатно ги засилува симптомите на алергија.Се препорачува да се затворат прозорците кога дува ветар за да не влезе поленот внатре и да не се излегува надвор веднаш по смирувањето на ветрот.

Вентилатор

Во домот се кријат внатрешни алергени но и надворешни кои ветрот ги внесол кога прозорците биле отворени. Сите тие честички додатно ќе се распрскаат од дувањето на вентилаторот и затоа не се препорачува негово користење. Ако се користи, тогаш треба редовно и детално чистење.

Туширање наутро

Алергичарите би требало да се тушираат навечер, а не наутро, предупредува др. Клифорд Басет, директор на американскиот центар за астма и алергии во Њујорк. Одење в кревет со алергени во косата и на кожата кои се собираат во текот на денот, може само да ги засили симптомите.

Пролетно чистење

Со чистење се распрскуваат алергените насобрани во домот и тоа може додатно да ги засили симптомите на алергија. Најдобро е тоа да го прават членови на фамилијата кои немаат проблеми со алергија. Се препорачува правосмукалка со антиалергиско дејство.

Домашни миленици

Слично како кај луѓето што се собираат алергени на косата и на кожата, така и кај домашните миленици. По прошетката на миленичето тие се полни со алергени во нивното влакно кој пак предизвикуваат течење на носот и кивање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top